Аудио ke-jl

28 ноември, 2014

Џенифер Лоренс сега е и поп ѕвезда

Познатата актерка Џенифер Лоренс се најде на 29 место на британската Топ 40 листа благодарение на изведбата на темата „The Hanging Tree“, која ја отпеа во последниот филм од серијалот „Игри на глад“. Иако актерката претходно тврдела дека лошо пее и дека сè уште не ја преслушала песната бидејќи се ужаснува од својот глас, сепак изгледа дека на фановите им се допаднал нејзиниот вокал штом решиле да ја купат песната.

Инаку, како автори на темата се потпишуваат членовите на групата „Луминирс“, а ја компонирал Џејмс Њутон Хауард. Како звучи сето тоа во изведба на Џенифер Лоренс можете да слушнете во продолжение.

 Извор: MTV



Врати се горе ↑