Свет BreezyJLo

22 март, 2013

Џенифер Лопез во студио со Крис Браун

По успешната светска турнеја која ја одржа во текот на минатата година, светската дива Џенифер Лопез го најави нејзиниот нов албум, чиј извршен продуцен ќе биде РедУан (RedOne). Најновата вест која пристигна за популарната пејачка е тоа што соработува со Крис Браун. Таа на сервисот Твитер споделила фотографија од студиото заедно со младиот колега, додавајќи го хаштагот „#makinghistory“.

Каква „историја“ ќе направат овие две ѕвезди се надеваме дека ќе дознаеме наскоро, а додека очекуваме нов материјал од латино дивата, да се потсетиме на нејзиниот голем хит „Dance Again“ во соработка со Питбул.

Извор: PopCrush

 



Врати се горе ↑