Видео jlo-b

14 септември, 2014

Џенифер Лопез ја изведе „Booty“ во живо

На манифестацијата „Fashion Rocks“, која се одржа на 9 септември во Њујорк, Џенифер Лопез во живо го изведе нејзиниот актуелен сингл „Booty“, а нејзиниот енергичен настап со кој покажа „како се прави тоа“ можете да го погледнете во продолжение.

 

Во следните неколку дена конечно ќе пристигне и долгоочекуваниот видео запис за ремиксот на оваа песна во кој гостува колешката Иги Азалија, а за чија режија бил задолжен Хајп Вилијамс.

 

Покрај музиката, 45-годишната латино дива е активна и со актерската кариера, а нејзиниот најнов ангажман е во претстојниот филм на режисерот Роб Коен, „Момчето од соседството (The Boy Next Door)“, во кој Лопез игра улога на мајка, сопруга и професорка во средно училиште, која поминува низ тежок период бидејќи дознава дека сопругот ја изневерува. Во нејзиниот живот се појавува симпатично младо момче по име Ноа, кој штотуку се доселил во соседството и станал пријател со нејзиниот син. Откако ќе ја заведе, Ноа се претвора во љубоморно и опсесивно момче кое станува закана за неа и нејзиното семејство. Премиерата на овој филм е закажана за јануари следната година, а трејлерот можете да го погледнете во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑