Аудио

6 февруари, 2018

Џенифер Лопез има нов хит

После латино-хитовите „Ni Tu Ni Yo“ и Amor, Amor, Amor“со кои го најави претстојниот, 9. по ред студиски албум „Por Primera Vez“, Џенифер Лопез одлучи да ја започне годинава со нов денс-хит на англиски јазик. Станува збор за темата насловена „Us“, која ја сними во соработка со електро-денс продуцентот Скрилекс и која е во стилот на клупскиот фаворит „On The Floor“.

Веќе се шушка дека песната ќе добие ремикс на шпански јазик, во кој ќе гостува колегата Џеј Балвин, па поверојатно е дека таа верзија ќе се најде на новиот албум, додека оваа варијанта е издадена како самостоен сингл.

 

48-годишната ѕвезда премиерно ја изведе песната во живо минатиов викенд, во рамките на концертот „Супер саботна вечер“, кој се одржа во Минеаполис, а снимка од настапот можете да видите во продолжение.



Врати се горе ↑