Свет jennifer-lopez-amor

7 ноември, 2017

Џенифер Лопез го најави новиот сингл „Amor Аmor Аmor“

После летниот хит „Ni Tu Ni Yo“, Џенифер Лопез конечно ќе го претстави и вториот сингл од претстојниот албум на шпански јазик насловен „Por Prima Vez“ (За првпат). Станува збор за темата „Amor Amor Amor“, која е во соработка со порториканската суперѕвезда Висин и чија премиера се очекува в петок, 10 ноември.

Во неодамнешен разговор со американската верзија на весникот „Hola!“, 48-годишната дива го објасна насловот на претстојното издание. „Тоа се однесува на фактот што ние постојано се обидуваме повторно да се откриеме себеси, да искусиме нешто за првпат, без оглед на возраста. Секогаш има нов почеток“, откри таа, додавајќи дека поудобно се чувствува кога пее на шпански отколку на англиски јазик. „Навистина сакам да пеам на шпански, има нешто што прави да звучи поромантично и е интегрален дел од мене“, заклучи популарната пејачка и актерка.

Најавата за новиот сингл дојде во форма на фотографија, а неонскиот наслов ветува уште еден разигран латино хит што одлично ќе ја дополни листата со хитови од изведувачи од шпанското говорно подрачје.

јло



Врати се горе ↑