6 март, 2017

Џенифер Хадсон се враќа со „Remember Me“

По пауза од речиси три години, американската пејачка и актерка Џенифер Хадсон се враќа на музичката сцена со нов сингл, кој воедно го најавува нејзиното четврто студиско издание. Станува збор за баладата насловена „Remember Me“, чиј коавтор е Џејми Хартман, човекот кој стои и зад актуелниот мегахит на „Рег-ен-боун мен“,Human.

35-годишната ѕвезда, која во моментов е дел од жирито во тековната сезона на британската верзија од музичкиот натпревар „Гласот“ (The Voice), премиерно го претстави својот нов сингл токму во оваа емисија, а набрзо потоа стигна и официјалното видео, кое можете да го погледнете горе. Уживајте!

јх



Врати се горе ↑