Свет Jennifer-Hudson-620x480

2 февруари, 2013

Џенифер Хадсон ќе настапи со децата од Сенди Хук

Пејачката и актерка наградена со Оскар, Џенифер Хадсон ќе настапи со детскиот хор пред почетокот на финалниот натпревар на американскиот Super Bowl. Станува збор за хорот од основното училиште Сенди Хук од  Њутаун, Конектикат, каде што на 14-ти декември се случи крвавиот масакр во кој 20 лица го загубија животот.

Хадсон со детскиот хор заедно ќе ја изведат песната „America The Beautiful“, а потоа Алиша Киз ќе ја отпее американската химна. Бијонсе ќе настапи во текот на полувремето.

Преживеаните деца од училиштето Сенди Хук заедно со Ингрид Мајклсон смимија своја верзија на песната „Somewhere Over The Rainbow“, а целиот приход од продажбата ќе биде упатен во институцијата Newton Youth Academy, која се наоѓа во нивниот роден град.

Извор: Billboard

 



Врати се горе ↑