Visit NBCNews.com for breaking news, world news, and news about the economy

12 ноември, 2014

Џенифер Хадсон ја отпеа „One Moment In Time“ во чест на Витни Хјустон

Поминаа скоро три години од смртта на легендарната пејачка Витни Хјустон, но нејзината музика продолжува да живее за нејзините фанови. А ако се прашува нејзиниот најголем фан и долгогодишен продуцент, Клајв Дејвис, музиката на Витни ќе продолжи да освојува уште многу генерации. Со Оскар и Греми наградената актерка и пејачка Џенифер Хадсон, чиј идол и најголема инспирација е токму Хјустон, заедно со Дејвис гостуваше во емисијата „Today“ на „Ен-би-си“, каде што го отпеа познатиот хит „One Moment In Tim“ од 1988 година.

Дејвис, пак, се надева дека музиката на Витни ќе ги освои и младите слушатели, особено со неодамна објавеното цеде и ди-ви-ди издание „Whitney Houston Live: Her Greatest Performances“, во кое е „спакувана“ целата нејзина кариера: „Тоа е еден концерт кој започнува од времето кога имаше само 19 години сè до гостувањето во шоуто на Опра, 26 години подоцна. Таа беше најдобрата пејачка од нејзината генерација“, додал Дејвис.

Кусото интервју и настапот на Хадсон можете да ги погледнете горе.



Врати се горе ↑