19 јуни, 2014

Џенифер Хадсон го претстави видео записот за „Walk It Out“

Како што е познато, американската пејачка и актерка Џенифер Хадсон веќе подолго време работи на својот трет студиски албум, кој ќе го наследи „I Remember Me“ од 2011 година. Како прв сингл беше претставена темата I Can’t Describe (The Way I Feel)“ во која гостува колегата Ти Ај, а набрзо потоа пристигна и соработката со познатиот продуцент Тимбаленд, песната „Walk It Out“. Токму оваа тема деновиве доби и свое видео издание чија режија ја потпишува Директор Х, а како изгледа сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑