24 јануари, 2014

Џенифер Хадсон го претстави новиот сингл и видео запис

32-годишната американска актерка и пејачка Џенифер Хадсон го подготвува нејзиниот трет студиски албум, а како прв сингл беше претставена темата „I Can’t Describe (The Way I Feel)“. За разлика од моќните балади кои се карактеристични за неа, овој пат пејачката се претставува во малку поинакво светло, а во тоа ѝ помогна хитмејкерот Фарел Вилијамс, кој ја продуцираше новата песна, како и раперот Ти Ај. Како изгледа и звучи сето тоа можете да видите и слушнете горе.



Врати се горе ↑