Свет article_big_1368997035janet_jackson

21 мај, 2013

Џенет Џексон најави нов албум

За фановите на Џенет Џексон пристигнаа одлични вести – само неколку дена пред дваесетгодишнината од објавувањето на нејзиниот познат албум „janet“, пејачката објави дека работи на ново студиско издание, прво во изминатите 5 години откако го претстави „Discipline“ во 2008 година. Како што најавила во интервјуто за магазинот Billboard, Џексон ќе го модернизира својот звук, а во тоа ќе ѝ помогне мала армија од популарни имиња како што се Даркчајлд, Старгејт, Родни Џеркинс, Трики Стјуарт и Д Дрим, а можно е во работата на единаесеттиот студиски албум на пејачката да учествуваат и младите продуценти и изведувачи кои во последно време ги „сепмлуваа“ нејзините нумери, како што тоа го направи на пример Кендрик Ламар. За новите изведувачи кои денеска ја „цитираат“, Џексон вели:

„Ја слушав музиката која е актуелна во моментов и навистина ми се допаѓа песната „Poetic Justice“ од Кендрик Ламар. Постоеле уметници и извонредни изведувачи кои делувале пред да дојдам јас на сцена и тие ми биле голема инспирација. Се надевам дека денеска и јас можам да послужам како инспирација за некои други уметници.“

За новото единаесетто студиско издание на Џексон сè уште не се познати многу детали ни околу насловот, ни околу датумот на издавање и можните гостувања од колегите.

 

 

 



Врати се горе ↑