3 август, 2017

Џекс Џонс и Деми Ловато ги екранизираа своите „Инструкции“

Карневалска атмосфера, танцување и забава се зборовите со кои може да се опише екранизацијата на синглот „Instructions“, кој продуцентот Џекс Џонс го сними со американската пејачка Деми Ловато и британската раперка Стефлон Дон.

Снимено во Лос Анџелес под режисерската палка на Ози Пулин, видеото е всушност реализација на самата замисла на Џекс додека ја снимал песната. „За мене, првата асоцијација за лето е карневалот ’Нотинг хил’. Тоа беше менталната слика што ја имав додека ја снимав песната, а ја снимив доста брзо. Диџејот го контролира подиумот, а токму тоа сакав да го пренесам и текстуално – затоа даваме инструкции“, рече тој, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑