12 февруари, 2016

Џејсон Деруло сосема гол во новиот видео запис за „Naked“

Ако сте се прашувале во каква физичка форма е Џејсон Деруло, одговорот ќе го дознаете кога ќе го погледнете неговиот штотуку објавен видео запис за темата „Naked“. Оваа песна всушност е изненадување за фановите и не се наоѓа на неговиот албум „Everything Is 4“. Сè уште не е потврдено, но можно е пејачот наскоро да објави нов албум или барем некаква проширена верзија на актуелното издание.

„Naked“ излезе токму навреме за Денот на вљубените, со цел да испрати порака на поранешната девојка на Деруло, пејачката и актерка Џордин Спаркс. „Yeah I broke up with my ex and I ain’t talked to her since/The only time I need a spark is when I light up my spliff“, вели музучарот во својата нова песна, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!

 



Врати се горе ↑