Аудио

8 јули, 2019

Џејсон Деруло се вклучува во латино-треската со „Mamacita“

Латино-хитовите се вистинска сензација, особено во изминативе неколку години, а разиграните ритми се одлично дополнување на летните забави ширум светот. Затоа, освен ѕвездите од шпанското говорно подрачје, сè почесто слушаме и нивни соработки со добро познати светски ѕвезди, кои и самите понекогаш одлучуваат да запеат на шпански.

Џејсон Деруло е најновиот во низата што го направи тоа со својот нов сингл „Mamacita“, за кој поддршка доби од порториканскиот колега Фаруко. Со регетон-битови и рефрен отпеан на „шпанглиски“, песната е уште еден потенцијален хит за 29-годишниот американски музичар, кој последно царуваше на топ-листите пред две години со заразната „Swalla“.

„Mamacita“ би требало да се најде на долгоочекуваниот, петти по ред студиски албум на Деруло, кој ќе го носи насловот „2Sides“, а се очекува да пристигне во текот на годинава.



Врати се горе ↑