Видео

19 јули, 2019

Џејсон Деруло разигран во новото видео за летниот хит „Mamacita“

Американската ѕвезда Џејсон Деруло неодамна го претстави својот најнов потенцијален летен хит „Mamacitа“, кој го сними во соработка со порториканскиот колега Фаруко, а сето тоа сега си доби и своја екранизација. Соодветно со разиграниот и заразен ритам, популарниот музичар уште еднаш ги прикажа и своите танцувачки способности, притоа пеејќи дека за неа, ако треба ќе научи и шпански!

„Mamacita“ воедно е најава за неговиот долгоочекуван, петти по ред студиски албум „2Sides“, кој се очекува до крајот на годинава, а како изгледа новото видео за овој летен хит, дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑