Видео mk-dzhk

17 декември, 2016

Џејмс Корден нè почести со празнично караоке во автомобил

Во популарниот сегмент „Караоке во автомобил“, заедно со домаќинот Џејмс Корден запеаја голем број музички ѕвезди, како што се Адел, Лејди Гага, Селена Гомез, Елтон Џон, Гвен Стефани, Деми Ловато, Крис Мартин (Колдплеј) и други, а пред самиот крај на годината конечно имаме можност да ги слушнеме како пеат во еден глас.

Бидејќи празници се ближат, Корден направи одлична компилација од сите гостувања, во која ѕвездите го пеат празничниот евергрин „All I Want For Christmas Is You“. Секако, целата приказна започнува токму со Мараја Кери, чија божиќна желба е да го чуе Корден како ја пее оваа нејзина најпозната песна, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑