Свет Cs-JamesBrown4-Atlanta83103

22 ноември, 2012

Џејмс Браун во „Греми“ куќата на славните

Песните на Џејмс Браун и Били Џоел, како и на групата AC/DC ќе бидат вклучени во куќата на славните на музичката академија „Греми“ во каталог што содржи повеќе од 900 историски и културно значајни албуми и песни кои ја прославуваат музиката од сите жанрови. Идната година ќе биде обележана 40-годишнина од постоењето на оваа куќа на славните, која постои од 1973 година, пренесува BBC.

Според изјавите на комитетот, новите дополнувања на куќата на славните биле инспирација и влијаеле на многу генерации на љубителите на музиката. Меѓу новите дополнувања се и песните на Џејмс Барун „I Got You (I Feel Good)“од 1965 година, „Piano Man“ на Били Џоел од 1973 година и „The Times They Are A-Changin“ на Боб Дилан од 1964 година.

Што се однесува до албумите, своето место во куќата на славните го најдоа „Band On The Run“ на групата Paul McCartney & Wings од 1973 година, албумот „Elton John“ на истоимениот музичар од 1970, „Black In Black“ на групата  AC/DC од 1980 година, како и „Whitney Houston“, првиот албум на пејачката од 1985 година. Во колекцијата што се наоѓа во „Греми“ музејот во Лос Анџелес сега има 933 песни и албуми.

 



Врати се горе ↑