Концерт dzhbs

27 декември, 2016

„Џејмс Бонд симфонија“ уште еднаш, претпразнично во Битола

Одличната „Џејмс Бонс симфонија“ на битолскиот камерен оркестар уште еднаш ќе ечи во Битола. Со безвременските теми од филмовите за тајниот агент 007, публиката во градот на конзулите премиерно уживаше во октомври годинава, а овој спектакл деновиве имаа можност да го погледнат и скопјани.

Со оглед на тоа што за премиерата се бараше влезница повеќе, Центарот за култура – Битола реши уште еднаш да ги почести своите сограѓани со претпразнично уживање, а на камерниот оркестар, хорот „Бутелион“, Ирена Димовска, Наде Талевска и Нина Јанева, овој пат ќе им се придружи и колегата Мики Секуловски. 

Новогодишниот концерт е закажан за 29 декември, четврток, со почеток од 20 часот. Влезниците се веќе пуштени во претпродажба во билетарницата на Центарот за култура – Битола.

15665766_855394834563450_1356274538861554954_n

 



Врати се горе ↑