Свет james-blunt1

7 ноември, 2012

Џејмс Блант ќе игра во ТВ комедија?

Британскиот пејач Џејмс Блант наводно е во преговори за улога во комична ТВ серија (ситком) со комичарот Џек Вајтхол. Шоуто кое е сместено во музичката индустрија и вклучува декадентно однесување,  напишано е од членот на Мејд ин Челси – Хуго Тејлор. Според британскиот медиум The Sun, главната улога ќе ја игра Вајтхол.

„Тоа е свежо и возбудливо и ги поврза Хуго, Џек Вајтхол и Џејмс Блант, кој има одличен тајминг за комедија и очигледно не му требаат пари!“ – изјавил еден од изворите за медиумот. Инаку, неодамна за пејачот беше изјавено дека ќе се повлече од музиката, но тој ги демантираше овие изјави велејќи дека не се вистинити.

Џек Вајтхол (Jack Whitehall)



Врати се горе ↑