Аудио

27 ноември, 2017

Џејмс Артур си ја разголи душата во новиот сингл „Naked“

Иако направи подолга пауза меѓу првите два албума, британската ѕвезда Џејмс Артур деновиве го најави своето трето студиско издание, претставувајќи го првиот сингл насловен „Naked“. Победникот на британскиот „Х фактор“ од 2012 година, за новиот материјал соработуваше со најпознатите авторски имиња во моментов – шведскиот тим составен од Макс Мартин, Саван Котеча и Јохан Карлсон, а во новата песна си ја разголува душата пеејќи: „Нема да те чекам да завршиш, преправајќи се дека не ти треба никој, стојам тука разголен.“

Сè уште не се познати деталите околу новиот албум, но веројатно ќе стигне во текот на следната година, а како звучи новиот сингл на Џејмс Артур можете да слушнете од видеото во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑