20 јануари, 2014

Џејмс Артур продолжува со „Get Down“

Победникот на британскиот X Factor во 2012 година, британскиот музичар Џејмс Артур во ноември минатата година го објави својот деби албум, а по сингловите  „You’re Nobody ’Til Somebody Loves You“ и „Recovery“, деновиве како трет сингл беше претставена темата „Get Down“. Во изминатиов период Џејмс го промовира новиот материјал со концертна турнеја ширум Обединетото Кралство, а веќе следниот месец ќе продолжи во Германија, Шпанија, Шведска, Белгија, Швајцарија и Полска.

Акустичната верзија од новиот сингл можете да ја слушнете горе, a оригиналната во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑