Балкан 10171291_785740181547117_1085044673377532251_n

21 јуни, 2015

Џејмс Артур: „Почестен сум што ќе настапам во суперфиналето на ’Х фактор’!“

Познатиот пејач и победник на британската верзија од натпреварот во 2012 година, Џејмс Артур вечерва ќе настапи во суперфиналето на втората сезона од регионалниот „Х фактор“! Популарниот музичар веќе пристигна во Белград и се запозна со финалистите, кои го воодушевија со својот талент.

„Многу сум почестен што ќе настапам во супефиналето на ’Х фактор’! Слушнав дека овогодишните кандидади се одлични и се радувам што ќе ги запознаам. Никогаш не сум бил во Србија, знам дека целиот Балкан е прекрасен, па се надевам дека ќе имам малку слободно време да го запознаам и Белград“, изјавил Артур, чија турнеја низ Европа се одвива веќе неколку месеци.

Покрај Џејмс Артур, вечерва како специјални гости ќе настапат и самите членови на жирито, како и популарната хрватска пејачка Јелена Розга. За титулата победник на втората сезона на „Х фактор“ ќе се борат шесте суперфиналисти: Боби Мојсоски, Амел Ќуриќ, Ива Ќуриќ, Магдалена Богиќ и групите „Хајуеј“ и „9 контрол“.

„Најдраги мои. Прво сакам да кажам ВИ БЛАГОДАРАМ од срце за тоа што ми ја давате поддршката, се борите за мене и го цените мојот труд. Вие сте заслужни што досега не успеав нити еднаш да влезам во ’Песната за спас’. Останува уште еден последен чекор од авантурата ’Х фактор’ – КОМБАНК арената. Добив многу пораки во инбокс и овој пат ве послушав, ќе ги пеам песните кои повеќето од вас ги побаравте. МАКЕДОНИЈО МОЈА, одиме заедно! Ве сакам!“, порача нашиот единствен кандидат во суперфиналето.

За да го поддржите Боби, во текот на емисијата пратете СМС порака со содржина 14 на телефонскиот број 141 345. Една порака чини 23,6 денари со вклучен ДДВ, а бројот на пораки е неограничен! Среќно!

Преносот во живо започнува во 21 часот на телевизија „Сител“.

Фотографии: фан страница на Х фактор Адрија на Фејсбук

И.Ј.



Врати се горе ↑