Аудио

20 октомври, 2018

Џејмс Артур има нова емотивна балада

„Empty Space“ е насловот на штотуку објавениот нов сингл од британската ѕвезда Џејмс Артур, со кој пејачот го најавува своето долгоочекувано трето студиско издание што ќе го наследи одличниот „Back From The Edge“ (2016). Победникот на британскиот „Х фактор“ од 2012 година и овој пат нè почести со емотивна балада, опевајќи ги чувствата кога важна личност ќе остави „празно место“…

„Оваа песна е за секој што некогаш длабоко љубел и изгубил драга личност, па се соочил со предизвикот да ја пополни таа празнина, но и за прифаќањето на фактот дека таа празнина може да ја пополни само таа личност“, објаснил Артур.

Освен со овој сингл, новиот албум беше најавен и со минатогодишниот хит „Naked“, како и со You Deserve BetterиAt My Weakest“. Како звучи неговото „Празно место“ дознајте во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑