Видео

28 мај, 2019

Џејмс Артур има нова емотивна балада „Falling Like The Stars“

Емотивните балади се дефинитивно заштитен знак за британската ѕвезда Џејмс Артур, кој речиси секогаш успева да нè разнежи или расплаче со импресивните изведби на своите песни. 31-годишниот музичар, кој зад себе има два студиски албума, третиот го најави лани со исто толку емотивната „Empty Space“, за чие видео рече дека е еден од најгордите моменти во неговата кариера.

За разлика од неа, новата песна насловена „Falling Like The Stars“ носи позитивна порака и надеж за среќна иднина со саканата. „Се колнам во Бога, можам да видам четири деца и бессони ноќи. Ќе имаме по едно на секое колено, јас и ти“, пее тој, а сето тоа е визуелно дополнето со топла приказна во режија на Патрик Мејсон и во која главните улоги ги играат Франческа Рут-Додсон, Рајан Кастро и Ривер Лук-Палмер.

Некогашниот победник на британскиот „Х фактор“ во меѓувреме беше актуелен и со соработката со Мартин Џенсен за „Nobody“, а кога ќе можеме да го очекуваме неговиот трет студиски албум, се надеваме дека ќе дознаеме наскоро. Дотогаш, уживајте со најновото од Џејмс Артур – „Falling Like The Stars“!



Врати се горе ↑