Свет

2 март, 2019

Џејмс Артур гостува во новиот сингл на Мартин Џенсен – „Nobody“

Британската ѕвезда Џејмс Артур се покажа како одличен соработник за повеќе диџеи и продуценти, гостувајќи на синглови како што се „Sun Comes Up“ на „Рудиментал“ и „You Can Cry“ на Маршмелоу, а сега неговиот уникатен вокал можеме да го слушнеме и во новиот потенцијален хит на данскиот диџеј Мартин Џенсен. 

Станува збор за темата насловена „Nobody“, во која се раскажува за разочарувачка ноќ спасена од неочекувана средба. „Не можам да верувам дека никогаш не сум видел некој како тебе“, пее победникот на британскиот „Х фактор“ од 2011 година, кој го подготвува својот трет студиски албум најавен со емотивната балада „Empty Space“.

Во меѓувреме, 30-годишниот музичар учествуваше и на саундтракот за филмот „Најголемиот шоумен“, снимајќи ја новата верзија на „Rewrite The Stars“ со колешката Ен-Мари, а во дует го отпеа и победничкиот сингл на минатогодишниот победник на „Х фактор“ – Далтон Харис.

Како звучи новата соработка на Мартин Џенсен и Џејмс Артур дознајте во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑