Аудио jaden-willow-smith

16 јануари, 2013

Џејден и Вилоу Смит со заедничка песна

Во октомври, младиот Џејден Смит го објави своето прво издание – микстејп насловен „The Cool Cafe“, а минатата недела неговата помлада сестра Вилоу го објави интересниот сингл „Sugar and Spice“, кој го најавува нејзиниот деби албум „Knees and Elbows“. А сега младите The Smiths, како што почнаа на шега да ги викаат медиумите братот и сестрата чии родители се познатите актери Вил Смит и Џејда Пинкет Смит, ја објавија нивната нова заедничка песна, која ја потпишува Џејден, додека Вилоу гостува на рефрените. Нумерата „Kite“ можете да ја преслушате во продолжение.

Извор: Idolator/фото: Willow Smith Facebook

 



Врати се горе ↑