5 јануари, 2018

Џеј Зи со Бијонсе и ќеркичката во новото видео за „Family Feud“

Џеј Зи продолжува со драматичните видеа за песни од актуелниот албум „4:44“, за кој доби дури 8 номинации за Греми, а најголемо внимание привлече токму екранизацијата за „Family Feud“ или „Семејна кавга“, во која се појавува и неговата сопруга Бијонсе, како и ќеркичката Блу Ајви.

Видеото започнува со цитат од Џејмс Болдвин: „Бедните на земјата не одлучуваат да бидат истребени, напротив, тие се множат. Животот е нивното оружје против животот, животот е сè што имаат“. Дејството започнува во 2444 година, прикажувајќи ги размислувањата на раперот околу ситуацијата до која би била доведена Америка без сочуство. Во режија на Ава Дувернеј, 8-минутното видео носи јасна порака: „Никој не победува кога семејството е во кавга“, а освен популарните сопружници и нивната ќерка, се појавуваат и други познати личности, меѓу кои актерите Мајкл Б. Џордан, Бри Ларсон, Росарио Досон, Рашида Џонс, Танди Њутон, Треванте Роудс, Џесика Честејн и Омари Хардвик, како и водителката и трансродова активистка Џенет Мок.

„Family Feud“ прво беше ексклузивно објавено на сервисот „Тајдл“, чиј основач и сопственик е самиот Џеј Зи, а сега е веќе достапно и на Јутјуб, па како изгледа сето тоа можете да видите горе. Уживајте!

 



Врати се горе ↑