Свет jay_z

6 јануари, 2013

Џеј Зи компонира музика за „Големиот Гетсби“

Продуцентот на филмот „Големиот Гетсби“, австралискиот режисер Баз Лурман го ангажирал познатиот рапер Џеј Зи да компонира музика за ова филмско остварување. Многумина со нетрпение очекуваат да слушнат како ќе звучи една класична приказна во интерпретација на раперот. Џеј Зи потпишал договор со продуцентите на овој филм, за кој тој ќе ја пишува музиката во соработка со музичкиот продуцент Џејмс Семјуел, кој на неговиот Твитер профил најавил дека песните кои ги пишуваат ќе бидат неверојатни: „Неуморно работиме на нумерите за класикот каков што е ’Големиот Гетсби’. Тешко е да се опише со зборови колку добро звучи материјалот.“

Филмот на Баз Лурман, во кој главните улоги ги играат Леонардо ди Каприо, Кери Малиган и Тоби Мегваер, во киносалите ќе стигне во мај годинава.

 



Врати се горе ↑