Свет beyonce-jayz-1-660

21 септември, 2013

Џеј Зи и Бијонсе се најбогатата славна двојка според Форбс

Како што е познато, магазинот Форбс ги рангира познатите личности според нивната заработка, а на листата на славни двојки со најголема заработка од периодот јуни 2012 до јуни 2013 година се најдоа познатите музичари Џеј Зи и Бијонсе, кои својата сметка ја дополнија со 95 милиони долари.

Двајцата музичари се на врвот во нивните кариери, со бројни хит синглови и албуми позади нив. Претпоследниот албум на Џеј Зи, изданието „Watch The Trone“ неодамна доби платинест тираж и лансираше светска турнеја со заработка од 1.4 милиони долари од концерт. Ноулс, која направи пауза по раѓањето на ќеркичката Блу Ајви, се врати на сцената со нејзината светска турнеја „The Mrs. Carter Show“, заработувајќи по 2 милиони долари од концерт.

Но, тоа не е сè. Покрај музиката, славните сопружници имаат и други бизнис зделки – Џеј Зи е сопственик на дел од Барклис центарот во Бруклин, каде што игра тимот на Бруклин Нетс. Но, неодамна го продаде својот дел, бидејќи раперот основаше сопствена агенција за спорт „Roc Nation Sports“, која застапува спортисти како што се Кевин Дурант и Виктор Круз. Бијонсе има колекција на парфеми и линија со облека наречена „House of Dereon“, а на семејниот бизнис веројатно наскоро ќе се приклучи и малечката Блу Ајви, која е веќе спомената во една од песните на нејзиниот татко. Нејзините познати родители веќе потпишаа петиција да го брендираат нејзиното име и да имаат право да го користат за разни производи и облека за деца.

Бијонсе и Џеј Зи заработија 15 милиони долари повеќе од славната двојка која се најде на второто место на оваа листа: фудбалерот Том Брејди и познатата манекенка Жизел Бундхен. Нивната заедничка заработка во изминатата година изнесува 80 милиони долари. Најплатената манекенка во светот покрај заработката како модел, својата сметка ја пополнува и со приходот од нејзината линија на апостолки за бразилската компанија Гренден. Таа исто така поседува и дел од оваа компанија.

На третото место се најдоа познатите актери Анџелина Џоли и Бред Пит, чија заедничка заработка изнесува 50 милиони долари. За разлика од горенаведени две двојки, Џоли и Пит најмногу заработуваат од нивните филмски ангажмани. По кратката пауза поради двојната мастектомија на градите, Анџелина се враќа на холивудската сцена со уште еден високобуџетен филм на Дизни продукција, а малку изменетата верзија на бајката „Заспаната убавица“, филмот насловен „Maleficent“ ќе пристигне следното лето.

 



Врати се горе ↑