Свет jay-z-1

3 јули, 2013

Џеј Зи ги менува дискографските правила

Изгледа дека договорот кој Џеј Зи го направи со компанијата Samsung го инспирирал Здружението на дискографи во Америка (RIAA) да донесе одлука при издавањето на сертификат за вкупниот тираж да ја зема предвид и продажбата од дигиталните изданија. Џеј Зи на неговиот Твитер профил ја прокоментирал можноста да продаде милион примероци преку дигитално симнување од Самсунг телефоните, а тоа никаде да не биде забележано според важечките правила.

„Иако правилата се променија, Џеј Зи овој пат нема автоматски да го постигне тиражот од милион примероци (колку што компанијата Samsung купила однапред и кои ќе им ги “подари“ на своите корисници преку посебна апликација на телефоните), а со самото тоа и соодветна позиција на листата за албуми“ – изјавил Бил Верд, уредник на магазинот Билборд.

 



Врати се горе ↑