Свет 00000000143341001

5 ноември, 2012

Џеј Ло во Белград ќе се шета со GPS уред

Светската дива Џенифер Лопез за време на престојот во Белград на себе ќе носи GPS уред, кој во секој момент ќе го лоцира нејзиното движење. Тоа е дел од стандардната опрема за безбедност на пејачката кога патува и е на турнеи. До организаторите на белградскиот концерт, кој ќе се случи во Белградска арена на 20-ти ноември, е доставена „рајдер“ листа која содржи дури 72 точки, а една од најважните е безбедноста на најмоќната жена во светот, и тоа како на копно така и во воздух. Џеј Ло пред салата ќе стигне со хеликоптер, а за да се наполни со позитивна енергија посакала одозгора да ужива во устието на Сава и Дунав. Додека крстари по небото над Белград ќе грицка еко-натурал канапеи, лосос со прелив од семки од тиква и “антикилограм 6U1” за подигнување на „работната температура“ за изразени мускули на нозете и рацете како и за затегнување на задникот. Светската ѕвезда побарала и видеоскрол во хеликоптерот како би можела да ги сподели импресиите од српската престолнина со фановите на Твитер.

Инаку, за што побезбеден престој и спроведување до детал на сè она што е важно околу организацијата и подготовките за концертот, ќе се грижи група од 43 луѓе, на чело со супервизор од Германија, кој веќе е пристигнат во Белград. Тој ќе се погрижи за сè, ќе го надгледува хепенингот и на крај ќе го обезбеди и заминувањето на Џеј Ло.



Врати се горе ↑