Свет Jennifer_Lopez

1 ноември, 2012

Џеј Ло со голема „рајдер листа“ за концертот во Белград

Организаторот на концертот на Џенифер Лопез во Белград, „Sky Music“, добил строги барања од менаџментот на една од најмоќните жени во шоубизнисот. Помеѓу  барања на дивата е и доаѓањето на дивата на самиот концерт, односно да слета со хелихоптер точно една минута пред почетокот на концертот, a и еден генералниот спонзор на концертот креираше посебен витамински напиток за детоксикација и енергија и согорување на целулитот кој ѕвездата ќе го конзумира за време на концертот. Формирана е контролна група од 43 стручни лица, на чие чело ќе биде германски супервизор кој денеска пристигнува во Белград со приватен авион. Оваа група ќе се погрижи за сè да изгледа беспрекорно и според барањата на пејачката.

 



Врати се горе ↑