28 април, 2013

Џеј Ло се враќа кон звукот на „Jenny From The Block“

Фановите на Џенифер Лопез сигурно го знаат секој чекор од нејзината музичка (а и филмска кариера), но ретко кој не се сеќава на големиот хит „Jenny From The Block“, првиот сингл од нејзиниот трет студиски албум „This Is Me… Then“, издаден во 2002 година. Токму таков звук ќе има песната за која соработува со Крис Браун, а ќе се најде на нејзиното претстојно осмо студиско издание.

Имено, во интервјуто со Марио Лопез, Џенифер вели: „Бевме во студио, работевме на некои песни и се трудиме да го вратиме оној „вкус“ на „Jenny Fro, The Block“… Всушност, ние разработувавме повеќе идеи, меѓу кои и дует за неговиот албум „X“ – изјавила пејачката и актерка.

Во меѓувреме, продуцентот РедУан (RedOne) изјавил дека новиот албум ќе пристигне подоцна во текот на годинава и ќе потсетува на нејзините соработки со Џа Рул од 2001 година („I’m Real“ и „Ain’t It Funny“), а новиот сингл „Live It Up“ во соработка со Питбул ќе биде објавен на 8-ми мај.

Дел од интервјуто можете да погледнете горе, а во продолжение да се потсетиме на „Jenny From The Block“.

 

 



Врати се горе ↑