Свет jlo

20 март, 2015

Џеј Ло сака да сними дует со Ријана

Џенифер Лопез и Ријана сè уште не се запознале, и покрај тоа што и двете ги позајмија гласовите за ликовите во новиот анимиран филм „Дом“, за кој ги снимија и песните „Feel The Light“ и „Towards The Sun“. Меѓутоа, фактот што не се познаваат лично не ја спречи латино дивата да изјави дека би сакала да соработува со помладата колешка. Имено, во разговор за „И-њуз“ (E! News), 45-годишната ѕвезда рекла дека е голем фан на Ријана, а на прашањето дали би сакала да сними дует, одговорила: „Апсолутно! Кој не би сакал?!“

Лопез ја пофалила и Деми Ловато, истакнувајќи дека се најдобри пријателки: „Се запознавме и си се допаднавме една на друга, така што едноставно останавме во контакт. Таа е одлична девојка, многу ја сакам. Не може да се објасне зошто се согласувате со некого, а сум запознала многу луѓе во оваа индустрија. Таа толку отскокнува од своите врсници, многу е паметна и длабока, полна со дух, што можете да го слушнете и во нејзината музика и глас.“

 



Врати се горе ↑