Видео jennifer-lopez-never-satisfied

1 април, 2014

Џеј Ло претстави нова песна на концерт во Дубаи

Изминатиов викенд Џенифер Лопез настапи на најголемата коњска трка во светот „Dubai World Cup“, а покрај веќе познатите хитови пејачката отпеа и дел од песните од претстојниот осми студиски албум закажан за 17-ти јуни, како што се актуелниот хит „I Luh Ya Papi“ и „Same Girl“. Интересно е тоа што 44-годишната дива реши премиерно да отпее и една сосема нова песна насловена „Never Satisfied“, а како звучи оваа балада можете да слушнете од снимките во продолжение (најдобар звук има на третата снимка).

 

 



Врати се горе ↑