Видео jennifer-lopez-same-girl-preview

14 јануари, 2014

Џеј Ло повторно се качи на „6-ката“

Како што Ви пренесовме во април минатата година, познатата пејачка и актерка Џенифер Лопез по светската турнеја од 2012 година започна со работа на нејзиниот осми студиски албум, а новиот материјал ќе потсетува на оној од изданието „Jenny From The Block“ од 2002 година. Како прв сингл од новото издание беше претставена темата Live It Up“, во која гостува колегата Питбул, а деновиве беше најавен и вториот сингл. Станува збор за темата насловена „Same Girl“, за која Џеј Ло  соработуваше со Крис Браун, кој се потпишува како еден од авторите, а за екранизацијата беше избрана добро познатата локација Бронкс, кадешто пејачката го помина своето детство.

Новиот видео запис ќе биде претставен наскоро, а од тоа што може да се види во промотивното видео во продолжение, пејачката повторно се качува на познатата „6-ка“, по која беше насловен и нејзиниот деби албум „On The 6“.

 



Врати се горе ↑