Концерт Performs-During-A-Concert-In-Panama-City-14-June-2012-jennifer-lopez-31146022-2560-1703

18 ноември, 2012

Џеј Ло: Подгответе се за експлозија на енергија и страсти!

Американската пејачка Џенифер Лопез која на 20-ти ноември ќе настапи во белградската арена, во краткото интервју кое го даде за радиото TDI, најави спектакуларен концерт во Белград, со многу танцување, како и тоа дека ќе остане во Србија уште еден или два дена.

На прашањето што подготвила за овдешната публика, која со нетрпение го очекува овој концерт, Лопез одговорила: „Многу енергија, танцување и страсти! Турнејата ја започнавме пред четири месеци во Јужна Америка, публиката секаде нè дочекуваше фантастично, па се надевам дека така ќе биде и овде, односно дека јас и моите овдешни фанови одлично ќе си поминеме“ изјавила Џеј Ло, додавајќи дека во зависност од распоредот, во Белград ќе остане уште најмногу два дена.

Џенифер исто така рекла дека иако не е љубител на ноќните забави, веројатно ќе провери каков е ноќниот живот во Белград. Популарната пејачка додаде дека тоа што добро се снашла со танцувањето се должи на нејзиното латино потекло и напорното вежбање.

Инаку, пејачката со нејзното момче Каспер Смарт ќе пристигне со приватен авион од Софија, а со нив доаѓаат и нејзините близнаци Макс и Ема, како и нејзината мајка. Лопез побарала таа и нејзините деца во различни автомобили да бидат пренесени од аеродромот и хотелот, како и тоа во собата на децата да има многу видео игри и играчки. Исто така, во нејзина близина никако не смеат да се најдат јаткасти плодови бидејќи таа е алергична на нив.

 

(Telegraf.rs / TDI radio / Blic)



Врати се горе ↑