Свет jlo

8 април, 2015

Џеј Ло не знае што е „Тајдл“?

Деновиве сите зборуваат за „Тајдл“ – сите, освен Џенифер Лопез! Една новинарка ја прашала дали слушнала за новиот сервис на Џеј Зи, а таа одговорила: „Не“, а додека новинарката се обидувала да објасни што е тоа, таа само си заминала, велејќи: „Не знам ништо за тоа, душо“.

Пејачката навистина фрли сенка на целата приказна. Со други зборови, 45-годишната ѕвезда е зафатена со промовирањето на баладата „Feel The Light“ и привршувањето на актуелната сезона на „Американски идол“, каде што има улога на судија. Веројатно ќе најде време да работи и на нови песни, за кои претпоставуваме дека нема да бидат објавени на „Тајдл“.

 



Врати се горе ↑