Балкан jennifer-concert

16 ноември, 2012

Џеј Ло ќе биде гостинка на ТВ Пинк

Познатата светска дива којшто ќе одржи концерт во белградската Комбанк Арена на 20-ти овој месец, ветила дека истиот ден ќе гостува и во познатото српко „Ами Џи Шоу“ на ТВ Пинк. Водителот на шоуто, Огњен Амиџиќ прво отпатувал во Истанбул, каде што Џенифер Лопезодржа концерт пред неколку дена, со цел да ја интервјуира таму, но тимот на пејачката договорил интервјуто да се одржи во Белград. Откако на Лопез ѝ покажале фотографии од студиото каде што се снима емисијата, таа била воодушевена и прифатила да гостува на денот на концертот.

Амиџиќ уживаше во концертот на Лопез во Инстанбул заедно со неговата сопруга и пејачките Емина Јаховиќ и Јелена Томашевиќ, кои имаа желба да се запознаат со светската дива, но за жал нивната желба не се исполни.



Врати се горе ↑