Концерт jlo-koncert

21 ноември, 2012

Џеј Ло ја „запали“ белградската арена (видео)

Вчера се случи и долгоочекуваниот концерт на поп дивата Џенифер Лопез. Пејачката приреди вистински спектакл во Комбанк Арената, а нејзините фанови уживаа во прекрасното шоу.

Иако доцнеше половина час, пејачката предизвика огромна еуфорија во публиката кога се појави на сцената облечена во комбинезон во боја на кожата, украсен со кристали и ја запеа познатата нумера „Get Right“. Таа исто така се ракуваше со дел од публиката во „фан питот“ и им рекла дека ги сака.

Во текот на шоуто, кое беше збогатено со одлични специјални ефекти, Лопез неколку пати ја смена гардеробата и во придружба на добро извежбана танцувачка група ги изведуваше нејзините најголеми хитови „Papi“, „Let’s Get Loud“, „Waiting For Tonight“, „I’m Into You“ и многу други.

После секоја песна следуваа овации и аплауз, а таа стоеше на сцената додека публиката го скандираше нејзиното име. Исто така од публиката и фрлаа плишани срца, а некој и го фрли и српското знаме. Последната песна која ја изведе беше „On The Floor“, но публиката ја врати на бис и ја испеа „Dance Again“, по која следуваше уште еден интересен танц со нејзиното момче Каспер Смарт, кој и го подаде српското знаме и таа го прегрна.

На концертот кој траеше час и половина, дел од гостите во публиката беа многу јавни личности од Србија, како и естрадните ѕвезди Цеца, Лепа Брена, Ана Бекута, Aца Лукас и други.

Извор: Танјуг/Фото: Правда.рс/Видео:ЈуТјуб



Врати се горе ↑