21 март, 2014

Џеј Ло ја изведе „I Luh Ya Papi“ во „Aмерикански Идол“

Во овонеделната епизода на „Американски Идол“, познатата пејачка и актерка која е дел од судиите во овој натпревар, Џенифер Лопез премиерно го изведе нејзиниот нов сингл „I Luh Ya Papi“ со кој го најавува осмиот студиски албум закажан за 17-ти јуни. За овој настап сцената се претвори во нејзиниот роден крај Бронкс, а во изведбата, покрај раперот Френч Монтана кој гостува во песната, ја придружуваа поранешните натпреварувачки Џесика Санчез, Пиа Тоскано и Алисон Ирахета. Како изгледаше сето тоа можете да погледнете горе.



Врати се горе ↑