Видео

17 јули, 2019

Џеј Ло и Карди Би се стриптизерки во новиот филм „Измамнички“

Уште во март годинава Карди Би се пофали дека ја доби својата прва улога во филм, каде што ќе ги покаже своите актерски способности заедно со колешката Џенифер Лопез. Девојките од Бронкс, кои соработуваа и на музички план за темата „Dinero“, во филмот насловен „Измамнички“ (Hustlers) ќе играат улоги на стриптизерки што изнудуваат пари од работници на Волстрит.

Деновиве стигна и првиот трејлер за овој филм во режија на режисерката и сценаристка Лорин Скафарија, а покрај Џеј Ло и Карди Би ќе ги видиме и актерките Констанс Ву, Кики Палмер, Лили Рајнхарт и Џулија Стајлс, како и пејачката и раперка Лизо и ар-ен-би ѕвездата Ашер. Веќе во првите сцени можеме да ја видиме Џеј Ло како ги објаснува стриптизерските вештини, притоа се слуша хитот „Money“, на Карди, која пред да се прослави во светот на музиката, заработувала токму како стриптизерка.

Премиерата на „Измамнички“ e закажана за 13 септември, а првиот трејлер погледнете го во продолжение.



Врати се горе ↑