1 февруари, 2014

Џеј Ло го претстави видео записот за „Same Girl“

Латино дивата Џенифер Лопез веќе извесен период го подготвува нејзниот осми студиски албум чиј звук ќе потсетува на нејзиното популарно издание од 2002 година, „Jenny From The Block“. По првиот сингл „Live It Up“ за кој повторно соработуваше со колегата Питбул, познатата пејачка и актерка деновиве го претстави видео записот за темата „Same Girl“. Со оваа песна Лопез, која меѓу другите ја потпишува и помладиот колега Крис Браун, уште еднаш сака да ги потсети нејзините фанови дека славата и богатството воопшто не ја промениле и дека сè уште е онаа иста девојка која израсна во Бронкс. Токму таму се снимаше и видео записот, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.



Врати се горе ↑