Аудио jlo-fl

5 мај, 2014

Џеј Ло го претстави новиот сингл „First Love“

Латино ѕвездата Џенифер Лопез денеска ја објави фотогафијата која ќе се најде на обвивката од нејзиниот претстоен албум насловен „A.K.A.“ (фотографија долу), а деновиве пристигна и водечкиот сингл „First Love“. Уште минатата година пејачката најави дека повторно ќе се наврати на музичкиот стил кој го одбележа нејзиното легендарно издание „Jenny From The Block“ од 2002 година, па меѓу соработниците за новото издание се потпишуваат и Крис Браун, Макс Мартин, Дитеил, Дипло, диџеј Мастард и други, а гостуваат имиња како што се Питбул, Иги Азалиа, Сиа, Френч Монтана, Рик Рос, Ти Ај и други.

Јас сум многу различни нешта и правам многу различни нешта. Го сакам хип-хопот, поп, денс и Р’н’Б музиката… Направив колекција од песни што ме прават да се чувствувам добро и ме прават среќна“ – изјавила пејачката, а како звучи нејзината „прва љубов“ можете да слушнете во продолжение.

 

„A.K.A.“ е закажан за 17 јуни и ќе изгледа вака.

 



Врати се горе ↑