Свет

23 март, 2019

Џеј Ло го најави новиот сингл „Medicine“

49-годишната латино-дива Џенифер Лопез е дефинитивно една од најзафатените жени во шоубизнисот, а се чини дека набиена агенда има и за годинава. Имено, освен што ќе ја видиме во новиот филм „Измамнички“ (Hustlers) со колешката Карди Би, легендарната Џеј Ло наскоро ќе нè почести и со уште еден нов сингл насловен „Medicine“, во кој гостува колегата Френч Монтана, со кого соработуваше и за хитот „I Luh Ya Papi“.

Едвај чекам да го слушнете“, напиша таа на социјалните мрежи, закажувајќи ја премиерата за 5 април.

Таа изминативе неколку години претстави повеќе синглови и на англиски и на шпански јазик, но сè уште нема откриено никакви информации дали сето тоа ќе се најде на долгоочекуваниот, 9. по ред студиски албум „Por Primera Vez“, или пак подготвува нешто сосема ново. Се надеваме дека со новиот сингл ќе стигнат и деталите за новиот албум, а додека ја очекуваме премиерата на „Medicine“, уживајте со хитот „El Anillo“ или „Прстенот“ кој неодамна и го доби од своето момче Алекс Родригез.

View this post on Instagram

3.9.19✨♥️

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

 



Врати се горе ↑