Видео

23 декември, 2018

Џеј Ло е нов вид на хероина во новото видео за „Limitless“

По повод премиерата на нејзиниот нов филм „Втора шанса“ (Second Act), Џенифер Лопез го објави видеото за музичката тема од филмот – баладата „Limitless“, симболично прикажувајќи ја битката за добивање на таа понекогаш недостижна втора шанса во животот. Познатата пејачка, танчерка и актерка за првпат се потпишува и како режисерка на видеото, а покрај неа се појавува и нејзината ќерка Еме.

Related image

Потпишана од австралиската колешка Сиа, песната беше премиерно изведена во живо на годинашното доделување на Американските музички награди во октомври, а како сингл беше објавена на 16 ноември. Филмот „Втора шанса“ веќе пристигна и во македонските кина, а како изгледа и звучи „Limitless“ дознајте во продолжение. Уживајте!

 

 



Врати се горе ↑