Настани LoveFest 5

11 јуни, 2014

Џеф Милс, Ерик Придз и Марк Најт пристигнуваат на „Хајнекен ЛавФест 2014“

Најголемиот музички фестивал кој ги обединува младите од целиот Балкан, ова лето ќе се одржи повторно во Врњачка бања, централна Србија. Покрај фантастичната музичка програма која е воедно и најквалитетна од сите досегашни изданија, новина е и промената на локацијата на одржување на фестивалот. Сместен во најубавиот дел на градот, покрај Врњачкото езеро, LoveFest ќе биде вистинска љубовна приказна која ќе ја слави музиката, но и пријателството и солидарноста како едни од постулатите на самиот фестивал. Фестивалот кој низ изминатите 7 години беше домаќин на имиња како Кевин Сондерсон, Карл Крег, Буч, Грамофонџие, Дарквуд Даб, годинава со уште поатрактивна музичка понуда за фановите.

Од хаус и техно, преку хип-хоп, сè до познати регионални рок звуци, петте сцени кои ќе бидат поставени ќе понудат музички избор за сечиј вкус. Сепак, она што со гордост го најавуваме е главната сцена и настапот на легендите на техно сцената, директно од Детроит пристигнуваат Џеф Милс (Jeff Mills), Кени Ларкин (Kenny Larkin) и Роберт Худ (Robert Hood). Овие тројца предводници на светскиот техно звук ќе се појават на главната сцепа, што претставува вистински раритет да се сите да се појават на едно место. Џеф Милс, кој низ музичките кругови е попознат и како „The Wizard” заради неговата исклучителна техника и Роберт Худ се воедно основачи на етикетата „Аxis“, вистински епитом за техно звук. Ним им се приклучува и Кени Ларкин, со што го комплетира одличното трио кое ќе ја креира атмосферата на главната сцена.

Воедно, свое појавување пред балканската публика ќе има и светски познатата прогресивна хаус атракција Ерик Придз (Eric Prydz). Она што е навистина значајно да се напомене дека Придз се појавува само на најзначајните европските фестивалски збиднувања, па неговиот настап на LoveFest ќе биде уникатна можност да се ужива во негов сет. Во Врњачка бања пристигнува холандската дип хаус ѕвезда Том Траго (Tom Trago), техно дуото Тифшварц (Тiefschwarz), како и познатиот британски диџеј и продуцент Марк Најт (Mark Knight). Фестивалот ќе го затвори Џејмс Забиела (James Zabiela), со вториот негов настап на LoveFest 2014.

Енерџи сценатае резервирана за претставниците на диско звукот Адана Твинс (Adana Twins), Финбасен (Finnebassen) и Доктор Дру (Doctor Dru), надополнети со Тама Сумо (Tama Sumo), Борис Вернер (Boris Werner) и Левон Винсент (Levon Vincent), сопственик на реномираната издавачка куќа Novel Sound.

„Heineken LoveFest 2014“ е фестивалско искуство кое носи потполно нов концепт – повеќе од 70 изведувачи,  5 музички сцени и 10 фестивалски зони. Токму затоа, организаторите со извонредна музичка селекција создадоа програма која нуди сурфање на љубовни бранови на различни музички фрекфенции.

Партибрејкерси, Бед копи, Рамбо Амадеус, Ритам Нереда, С.А.Р.С…

Како доказ на фактот дека LoveFest 2014 е наменет за сите музички вкусови, говори и фактот дека едни од главните изведувачи на фестивалот се Партибрејкерс, Канда Коџа и Небојша, Рамбо Амадеус, С.А.Р.С, Бед копи, хрватската рок атракција Лет 3, Никола Врањковиќ, Ритам Нереда како и популарното црногорско дуо Ху Си (Who See). Ова се само дел од изведувачите наменети за љубителите на „поцврстиот” звук.

Посетителите на фестивалот ќе можат да уживаат и во сетовите на младите диџеи од регионот како и да се забавуваат на уникатната Сајлент сцена. Конечно, предвидена е и зона со амбиентални звукови во добропознатата „Чил“ зона.

Се гради најголемиот остров на љубовта досега – се очекуваат повеќе од 500 кампери

Новиот простор предвиден за овогодинешното издание на LoveFest 2014, сместен до градското езеро се протега на 20 000 метри квадратни и може да прими и до 15 000 посетители во една вечер. Дополнително, кампот кој ќе биде поставен во фестивалската зона годинава се очекува да ја надмине бројката од 500 кампери.

„Сакаме секоја година да растеме, па одлучивме да ја промениме локацијата и да го направиме најголемиот остров на љубовта во Србија. Сигурни сме дека секој посетител ќе пронајде нешто уникатно кое ќе го задоволи неговиот музички апетит и дека сите заедно ќе уживаме во трите љубовни фестивалски денови“, изјавија од тимот задолжен за организација на фестивалот.

 

Како на Лавфест? За 999 денари! За секои три карти, уште еден билет гратис!

Хајнекен Лавфест 2014 е замислен како тродневно уживање со уникатни музички настапи, но и многу останати интересни содржини. Картата за сите три фестивалски денови изнесува 999 денари. За првите 30 купувачи е обезбеден бесплатен кампинг. Цената на кампинг просторот е 600 денари (10 евра), со дополнителна цена од 600 денари (10 евра.) за изнајмување на шатор. Она што е посебно провокативно за сите друштва кои ќе дојдат на фестивалот е можноста, за три купени билети да се добие еден гратис. Со тоа се овозможува што повеќе љубители на квалитетната музика, но и на добрата фестивалска забава да дојдат во Врњачка бања и да уживаат во „најљубовниот” фестивал на Балканот, Heiniken Love Fest 2014.

Картите можат да се купат од продажната мрежа на МКТикетс како и сите продажни салони на ОНЕ.

Повеќе информации на официјалната фан страна за Македонија: www.facebook.com/LoveFestMK



Врати се горе ↑