Свет justin-jessica

19 октомври, 2012

Џастин Тимберлејк стапна на „лудиот камен“

Поранешниот член на групата ‘N Sync, Џастин Тимберлејк и неговата долгогодишна девојка, ѕвездата од телевизиското шоу „Седмо небо“, Џесика Бил конечно го кажаа судбоносното ДА. Според американските медиуми People и Us Weekly, церемонијата се одвиваше во интимна атмосфера со најтесниот круг на семејството и пријателите во градче на југот на Италија. Забавата почна неколку дена порано со забави на плажа, а потоа продолжи со вечера во Трапето. Портпаролот на Џесика ја потврди веста и ги пренесе импресиите на славната двојка, а тие изјавија дека прекрасно е чувството да се биде во брак, церемонијата поминала во прекрасна атмосфера и особено им е драго што тоа го направија во присуство на нивните најблиски.

Тимберлејк прави пауза на музички план, но затоа е посветен на актерството. Откако го објави неговиот последен албум „Future Sex/Love Sounds“ во 2006 година, имавме можност да го видиме во неколку филмски хитови како што се „Friends With Benefits”, „Bad Teacher” и „In Time”, а за оваа и следната година најавени се уште неколку филмски проекти.

 



Врати се горе ↑