Свет justin-timberlakr

10 јануари, 2013

Џастин Тимберлејк се враќа на музичката сцена

„Четврток, 10-ти јануари, 2013 во 9:01 ПСТ“ е твитот кој предизвика бура од реакции на оваа социјална мрежа, но и во медиумите. Станува збор за мистериозна објава од американскиот музичар и актер Џастин Тимберлејк, кој веќе подолго време е отсутен од музичката сцена со цел да се посвети на актерството. Според изворите на неколку американски медиуми, можно е да се работи за најава на нов сингл, дури и цел албум.

Меѓу другото, се прошириле и гласини дека новиот материјал е во соработка со рап могулот Џеј Зи, а и неговата сопруга Бијонсе. Како и да е, наскоро ќе дознаеме за што се работи. Доколку станува збор за нов албум, тоа ќе биде негов трет студиски соло албум кој ќе го наследи успешниот „Future Sex/Love Sounds“ од 2006 година, на кој се најдоа големите хитови „Sexy Back“, „My Love“, „What Goes Around… Comes Around“ и други.

И веста конечно е потврдена! Следното видео како „одбројување“ е објавено на официјалната веб страница на  Џастин Тимберлејк, во кое можеме да го видиме пејачот како влегува во студио и вели „Подготвен сум!“. Според одбројувањето, новата вест ќе ја дознаеме за 3 дена, односно во недела.

 



Врати се горе ↑