Македонија vikjust

13 јули, 2013

Џастин се инспирира од Виктор Апостоловски?!

Младата музичка надеж, Виктор Апостоловски кој многумина го познаваат како пејач од талент шоуто “Македонски Идол”, ја информираше македонската јавност дека светската музичка ѕвезда Џастин Тимберлејк ја наоѓа сопствената инспирација од Виктор.

„Ај ве молам споредете ги почетоците на песните, почетоците на двете песни хармонски се идентични, но за разлика од сите други случаи до сега, песната на Виктор е стара веќе една година, а песната на Џастин само еден ден. Дали е ова случајност, истомисленост, позајмување или едноставно користење на идеја, едно е сигурно, ова е доказ дека не сите млади и нови автори се плагијатори и дека Македонија сепак има квалитет кој допрва ќе ја краси нејзината музичка сцена.” – се вели во дописот до РадиоМК.

Погледнете ги линковите во продолжение:

Виктор Апостоловски – PMS

 

Џастин Тимберлејк – Take back the night

Ние нема да коментираме, но како што е редот очекуваме Џастин да излезе со своја изјава до пошироката јавност во врска со овој криминален чин.



Врати се горе ↑